(ВИДЕО+ФОТО) Полицијата се огласила после скандалот на Оскарите, Крис Рок одбил да поднесе пријава: Еве зошто Вил Смит го удрил пред цел аудиториум!

По овогодинешниот инцидент на Оскарите, кога актерот Вил Смит го удри Крис Рок на сцената, полицискиот оддел во Лос Анџелес потврдил за Variety дека комичарот одбил да поднесе полициска пријава.
„Истражителите на ЛАПД знаат за инцидентот меѓу две лица за време на програмата за Оскар. Едно лице удрило шамар на друго во инцидентот. Инволвираниот одбил да поднесе полициска пријава. Доколку инволвираната страна сака подоцна да поднесе пријава, ЛАПД ќе биде достапен за комплетирање на извештајот од истрагата“, се вели во соопштението на полицијата.

This image has an empty alt attribute; its file name is vil-smit-samar.jpg
Имено, додека го претставуваше најдобриот документарен филм на Оскарите, Рок се пошегува на сметка на избричената глава на Џејд Пинкет Смит, споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот G. I. Jane. Комичарот рече дека едвај чека да ја види Џејда да глуми во G. I. Jane 2, по што Вил се качи на сцената и го удри Рок.


Смит ја доби наградата за најдобар актер за филмот Кралот Ричард по тој инцидент. Тој потоа се извини во својот говор.


„Сакам да и се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на сите мои номинирани колеги. Ова е прекрасен момент и не плачам за освојувањето на наградата. Не е за да ја освојам наградата за мене. Станува збор за тоа дека сите луѓе може да ги засјае светлина. Би сакал да се однесувам како Дензел Вашингтон. Бо многу некомотен и жежок момент тој даде мудрост, разбирање, мир и комфорт“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …