(ВИДЕО+ФОТО) Подгответе се за сабота: Вечерта долго ќе трае а еве која по ред ќе настапи Тамара !

Синоќа по официјалните прогласувања на десетте композиции и држави кои се пласираа во ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ во сабота, беше одржана прес конференција со сите финалисти…
На неа пак беше одреден редоследот на овие десет композиции во финалето. Честа да ги избира композициите и нивниот редослед за настап го имаше токму нашата Тамара Тодевска. Таа извлече седум песни кои ќе настапат во првиот и три во вториот дел.


View this post on Instagram

SEE YOU IN THE FIRST HALF OF THE GRAND FINAL! #8 🇲🇰 . . . #proud @eurovision @tamaratodevska #eurovisionmacedonia #macedonia2019 #teamtamara #daretodream #esc2019


A post shared by Eurovision Macedonia 🇲🇰 (@eurovisionmacedonia) on


Но, конечниот редослед на настапи го одредија организаторите според тие показатели од првата и втората полуфинална вечер. Тамара Тодевска со „Proud“ ќе настапи како осма…Некои би рекле многу рано, но за вистинските песни не е битен редоследот за настап…

Редослед за настап во сабота на ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ:

1. Малта
2. Албанија
3. Чешка
4. Германија
5. Русија
6. Данска
7. Сан Марино
8. Северна Македонија
9. Шведска
10. Словенија
11. Кипар
12. Холандија
13. Грција
14. Израел
15. Норвешка
16. Велика Британија
17. Исланд
18. Естонија
19. Белорусија
20. Азербејџан
21. Франција
22. Италија
23. Србија
24. Швајцарија
25. Австралија
26. Шпанија

Како што е познато со шоу програма, додека трае гласањето ќе настапи Мадона за која се вели дека ќе воведе нови норми на овие шоу програми а со себе ќе имала екипа од повеќе од 200. луѓе од кои 30. се придружни вокали, па исто толку танчери…Но, ако Мадона на доделувањето на Греми наградите направи невидено шоу со холограми, од ова во Тел Авив може да се очекува уште повеќе, современи техникалии со кои ќе го оправда својот хонорар од 1.800.000 долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …