(ВИДЕО) Чола во „Еден на еден“: „Во Сараево ме забележаа дури кога излегов на насловната на македонски ‘Екран'”!

Во недела легендарниот Чола гостува во „Еден на Еден” и таму открива доста вакви интересни случки од неговата кариера.
Сараево е многу слично како Скопје, домашните те забележуваат дури кога ќе излезеш на странски насловни страни. Ова не било исклучок ни во случајот на денес балканската мега ѕвезда Здравко Чолиќ, кого во Сараево почнале повеќе да го забележуваат дури кога за него се пишувало во останатите југословенски магазини, меѓу кои и македонски „Екран”.


Тој признава дека најголемата мана му е неодлучноста.
„Можеби затоа што сум Близнак во хороскоп. Пример, со мојата сегашна жена се забавувавме 11 години, а не можев да се одличам дали да се женам или не“, се смее Чолиќ.


Чолиќ зборува за своите обиди како бизнисмен и времето кога отворил компанија за телефонски двојници, но и за тоа што би работел доколку не бил пејач.


 

Не ја пропуштајте епизодата во која специјално ќе запее неколку песни во недела од 18.30 на Канал 5.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …