(ВИДЕО+ФОТО) Починатиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“ планирал свадба во текот на летото

Овогодинешниот учесник на музичкиот натпревар „Звездите на Гранд“, Момир Луковац, кој изврши самоубиство на возраст од 24. години, пред две вечери, им се пофалил на пријателите дека ќе организира свадбена веселба со својата вереница на лето.
Годинашниот учесник на музичкото натпреварување „Звездите на Гранд“, Момир Луковац почина завчера на 24-годишна возраст. Според полицискиот извештај, пејачот извршил самоубиство со пиштолот на татко му во станот на неговата свршеница, а истрагата траела до раните утрински часови.
Причините за трагедијата сè уште не се официјално познати, а се шпекулира дека има врска со неговата свршеница.
Како што дознаваат српските медиуми, пејачот планирал свадбена веселба со својата партнерка на лето, но за жал тоа не го доживеал.


„Луковац последниот месец зборуваше дека ќе се жени во текот на летото. Тој планираше да се ожени со својата свршеница и да организира прослава, во согласност со сегашните мерки заради коронавирусот. Не е познато дали тој закажал нешто по тој повод, но се знае дека планирал и тоа му била целта“, вели извор и додава дека планирал на свадбената веселба да ги покани колегите кои се натпреварувале со него во популарното шоу чиј основач е Саша Поповиќ.


„Тој беше добар со многу пејачи. Со музика се занимава уште од дете и сите го познавале во Подгорица и околината. Преку разни натпревари, манифестации и работа во угостителски објекти, тој запозна луѓе и оствари контакти. Тој планираше да ги покани на венчавката годинашните натпреварувачи на ‘Звездите на Гранд“: Исак Шабановиќ, Крстиња Тодоровиќ, Цеца Булатовиќ и други. Тој беше приватно добар со нив и имаше желба да пеат на неговата венчавка“, изјавил изворот.


Да потсетиме, Момир Луковац изврши самоубиство пред две вечери. Тој е познат на јавноста по учеството во натпреварувачкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а најмногу по последниот настап, објавен на Јутјуб на 30. јануари годинава.

Фото: Z.K.Munja/Grandprodukcija


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …