Роверот на Марс ги направил првите 5. грама кислород

Роверот „Prezervans“ на НАСА трансформирал јаглерод диоксид од атмосферата на Марс и го претворил во кислород, што е прва трансформација направена на друга планета, објави НАСА.
„Ова е клучен прв чекор кон претворање на јаглерод диоксид во кислород на Марс“, изјавил во средата Џим Ројтер, еден од помошниците директори на НАСА, според веб-страницата на американската вселенска агенција.
Експериментот се случил на 20. април, а НАСА се надева дека следните верзии на експерименталниот материјал ќе му помогнат на човекот еден ден да користи трансформиран кислород од Марс.
Ќе им помогне и на астронаутите кои одат на мисија на Марс да не носат со себе големи количини кислород за да можат да се вратат на Земјата.
Експериментот е направен со употреба на експериментот „MOXI“ (The Mars Oxygen In-Situ Resource Utilization Experiment), што е кутија со големина на акумулатор и се наоѓа на предниот дел од роверот.
Тој користи електрична енергија и хемиски процеси за да ги оддели молекулите на СО2, правејќи кислород од една страна и јаглерод моноксид од друга страна.
Во првиот обид, додава „Гласот на Америка“, „МОКСИ“ направи пет грама кислород, што е доволно астронаутот да дише десет минути во нормални активности.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …