(ВИДЕО+ФОТО) Парадата на мумиите минала низ Египет

Во Египет се одржа свечена парада и прослава по повод пренесувањето на 22. скапоцени мумии од стариот музеј во центарот на Каиро до новата зграда на Националниот музеј на египетска цивилизација, која исто така се наоѓа во главниот град.


Церемонијата е осмислена со цел да се прикаже огромното археолошко наследство и културното наследство на Египет.
Мумиите биле транспортирани во специјални климатизирани сракофаги, со камиони украсени со крилја во фараонски обележја, а египетската артилерија испукала 21. почесен плотун по повод овој настан.


Повеќето мумии се од периодот на Новото кралство од 1539. до 1075. година п.н.е., а меѓу нив се и мумиите на Рамзес Втори, еден од најпознатите египетски фараони и кралицата Хатешепсут.



Таа беше единствената жена во позиција на фараон што владееше како маж носејќи лажна брада за да не се сомнева дека со традиционалниот, партиско-архаичен Египет владее жена, објавило Министерството за антика на Египет.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …