(ВИДЕО+ФОТО) ОБЈАВЕНА ЛИСТА НА ТОП 100 – Американска манекенка ја добила титулата најубаво лице на светот за 2022 година

Титулата најубаво лице на светот за 2022 година ја заработила американската манекенка Јасмин Тукс, позната по работата за Victoria’s Secret .
Од 1990 година, платформата TC Candler и комисијата од независни критичари составуваат листа на 100 најдобри лица на годината, а поранешниот ангел на Victoria’s Secret , Јасмин Тукс е прогласена за најубава за изминатата година.
31-годишната Американка – која неодамна објави дека е бремена – се избори со конкуренцијата на некои од најпрепознатливите лица во Холивуд за да го освои првото место.

View this post on Instagram

A post shared by Jasmine Tookes (@jastookes)


Малку е веројатно дека ќе ги препознаете сите топ 100, сепак, има некои прилично познати имиња. На 12-то место е поранешната актерка и Мис Израел, Гал Гадот, која се најде на листата по 12-ти пат.
Ана де Армас – која неодамна ја играше Мерлин Монро во „Blonde” – беше рангирана на 27 место во нејзината деветта година на листата.
Пејачката Дуа Липа за прв пат се појави на листата на 56-то место, додека ѕвездата на „Еуфорија“, Сиднеј Свини е исто така ново лице на 60-то место.


Ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк ја зазеде 83-та позиција во нејзината 12-та година на листата, а Аријана Гранде се најде на 85-тото место во седмата година на листата.
Интересно е што на листата се најде и хрватската фудбалерка Ана Марија Марковиќ која се најде на 94. позиција.
Се наведува дека листата е избрана врз основа на 160.000 лица на луѓе од 50 земји во светот и дека не се работи само за најзгодните или најпознатите личности од светот на шоубизот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …