Објавен е трејлерот за новиот филм наречен „Babylon“ со Бред Пит, Маргот Роби, Оливија Вајлд и Тоби Мегваер во главните улоги. Заедно со нив се појавува и познат босански актер.
„Babylon“ е претстоен драмски филм по сценарио и режија на Демијан Шазел („La La Land“, 2016 година), со Бред Пит и Маргот Роби во главните улоги.
Тоби Мегваер е извршен продуцент и се појавува во споредна улога. Дејствието е сместено во златното доба на Холивуд, односно на крајот на 1920-тите и се занимава со немите филмови.
View this post on Instagram
Заедно со холивудските ѕвезди се појавува и босанскиот актер Мирај Грбиќ (на регионот најпознат по улогата на Чомбе во тв серијата ‘Луд, збунет, нормален’), кој на својата инстаграм приказна сподели најава за претстојниот филм.
Грбиќ веќе неколку години живее во САД, заедно со сопругата Марија Омаљев.
Досега имаше неколку помали улоги во сериите „S.W.A.T“ и „Santa Clarita Diet“, а се појави и во продолжението на „Mission Impossible“.
Фото: Принтскрин/Instagram