(ВИДЕО+ФОТО) Нов земјотрес во Турција. Над 4300 мртви, исчезнати градови, илјадници заробени на зима

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300. Потресите оставија илјадници повредени, како и оние кои останаа без покрив над главата, бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Масовната спасувачка операција се уште е во тек. Студеното време ја отежнува потрагата по преживеани.


Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи во текот на ноќта на студено време во провинцијата Кахраманмарасу на југоисток, на околу 60 километри воздушна линија од сириската граница. Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето се случи уште еден со јачина од 7,5 степени исто така на југоистокот на Турција.


Стотици семејства заробени под урнатините
Стотици семејства се уште се заробени под урнатините на зградите уништени во двата земјотреси што вчера ги погодија Турција и Сирија, изјави шефот на државната служба на сириската опозиција. Раед ал Салех, од Белите шлемови, рекол дека е потребна итна помош од меѓународните групи за нивните спасувачки напори во северозападна Сирија, контролирана од бунтовниците.

733 загинале во областите под контрола на бунтовниците и 656 во регионите под контрола на владата, додека други 2.921 загинале преку границата во Турција. Хуманитарна помош испратија Велика Британија, САД, Германија, Франција, Полска, Јапонија, Мексико, Италија, Шпанија, Русија и Кина.

Во Турција се спасени повеќе од 7800 луѓе
Повеќе од 7.800 луѓе беа спасени во 10 провинции, рекол Орхан Татар, официјален претставник на турската управа за катастрофи.

Каква е ситуацијата во Сирија?
Во Сирија, земја која веќе ги трпи последиците од војната, уништувањето по земјотресот е широко распространето.
Број на загинати: Најмалку 1.136 луѓе загинале во земјотресот, објавија сириските државни новински агенции, а се стравува дека повеќе се затрупани во урнатините. Голем дел од северозападна Сирија, која граничи со Турција, е под контрола на бунтовниците, а хуманитарните агенции предупредуваат на хуманитарна криза која најверојатно ќе се чувствува во наредните месеци.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …