Верувале или не, една од најпосетуваните туристички атракции во светот е трговски центар
Најголемиот трговски центар во Дубаи годишно го посетуваат дури 75. милиони туристи.
View this post on Instagram
„Дубаи мол“ е заведен во Гинисовата книга на рекорди како најголем во светот, целиот објект со сите придружни содржини опфаќа импресивни 1.124.000 квадратни метри.
View this post on Instagram
Трговскиот центар Дубаи е отворен во 2008. година и има 1.200 продавници, лизгалиште со олимписка големина, аквариум, најголема продавница за чевли во светот, 14.000 паркинг места и симулатор за летање со „Боинг 737“.
Иако во светот има многу интересни содржини, трговскиот центар во Дубаи го посетуваат повеќе луѓе отколку Ајфеловата кула, Нијагарините водопади и Дизниленд заедно.
Фото: Принтскрин/Instagram