(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ НА ХАЛКИДИКИ: Шест лица загинале,од кои две деца!

Како што известува „Танјуг“, најмалку шест лица меѓу кои и две деца, загинале во силното невреме кое го погодило Халкидики…а повеќе од 100. се повредени…
Грчките медиуми пренесуваат дека е повредено 13. годишно девојче од Србија, а во солунската болница „Гениматас“ биле примени пет деца, но сите се вон животна опасност.

Невреме со помали размери го погодило и Солун каде се во прекин интернет врските.
На Халкидики властите прогласиле вонредна состојба.

Силен ветер корнел дрва, носел покриви, пренесува Ројтерс.

„Ова е прв пат во мојата 25. годишна кариера да сум доживеал такво нешто“, рекол Атанасиос Калцас, директор на здравствениот центар Неа Муданја, каде што биле сместени повредените, за грчките медиуми.

Збринатите пациенти имаат од осум месеци до 70. години. Некои добиле повреди на главите од пад на дрвјата или други предмети.

Вакво невреме не е вообичаено за Грција каде летата се типично топли и суви. Метеорологот Клеахос Марусакис рекол дека условите се „екстремно необични за овој период од годината“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …