ВАЖНО – Се враќал од Грција, а на 50. километри од границата, му се случило нешто за што тој упатил предупредување за сите…

Споделено искуство кое се појави на неколку фб страни и групи. Прочитајте и имајте го предвид! Се враќал од Грција, а на 50. километри од границата, нешто му се случило за што тој упатил предупредување за сите
На српската Фејсбук група „Live from Greece“ З.Д. напишал статус предупредувајќи ги сите туристи од Србија кои се враќаат од летување од Грција.
Имено, како што тој опиша во неговиот статус, автомобилот со бугарските таблици се обидел да го застане на 50 километри од границата и да го ограби. Ви го пренесуваме статусот да видите за што се работи:
„Поздрав на сите… денес со план влегов во групата поради едно известување-предупредување!!!На враќање од Грција на некои 50 километри од граница наидов на BMW 3 бугарски таблици кое се обиде да ме застане како да му е нешто потребно… Читав претходно за тоа и не верував дека ми се случи… Немојте да застанувате…. тие се откажаа по две претекнувања и се вратија…“, напиша З.Д.
Сѐ е поголем бројот на граѓани кои на пат за Грција стануваат жртви на разбојници кои ограбуваат или мамат продавајќи лажно злато. Овие модерни „бандити“ главно се романски или бугарски државјани, а туристите движатна патот Солун-Евзони, како и на автопатот накај Аспровалта.
Додека наивниот турист кој го застануваат се обидува да помогне и да го реши проблемот на „несреќниот патник“, другата екипа оди до возилото кое го оставил туристот и му ја земаат торбата, новчаникот, телефонот и сѐ што оставил незаштитено-затоа бидете претпазливи на патување.
Повеќе информации на овој ЛИНК

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …