(ВИДЕО+ФОТО) НЕВЕРОЈАТНО – САКАВ ДА СЕ УБИЈАМ! Побарал развод од неа пет дена откако останала ПАРАЛИЗИРАНА и ја оставил сама со ДЕЦАТА: „Се мразев себеси!“

По тешкиот мозочен удар што ја оставил парализирана од половината надолу во март 2015. година, Риона Кели не очекувала дека никогаш повеќе ќе биде среќна.

Сè уште врзана за кревет пет дена по нејзиниот мозочен удар, сопругот на Риона, Ричард, со кого била 14. години во брак, поднел барање за развод откако дознал дека неговата сопруга никогаш повеќе нема да ги почувствува нејзините нозе.
– Откако тој поднесе барање за развод, јас бев сосема сама – изјавила Риона.
Кога ѝ кажале дека ќе и требаат месеци, ако не и години, за да се опорави, Риона признала дека била подготвена да се откаже од сето тоа.
– Знаев дека морам да бидам силна за моите деца – рекла таа, објаснувајќи дека тоа е единствената мотивација што ја имала да оздрави.



– Првиот пат кога излегов надвор во количката, мислев дека сите ме гледаат. Го мразев тоа и се мразев себеси – рекла таа и додала:
– Кога би можела да бирам, би си го одзела животот, не сакав повеќе да живеам.
Во јануари 2016. година, Риона објави оглас на Фејсбук во потрага по личен тренер кој ќе и помогне да ја врати силата, а нејзините пријатели и го препорачале Кит Мејсон.

Поранешниот американски фудбалер и помогнал на Риона повторно да прооди и останале во контакт по истекот на договорот, што довело до продлабочување на нивната врска. Риона вели дека била шокирана што „убав американски фудбалер“ би сакал да биде со „жена со хендикеп“ како неа, но Кит рекол дека Риона го инспирирала. Ја охрабрувал секој ден и ги разбирал нејзините болки и победи. Конечно чувствувала дека го живее животот што го заслужува
– Заедно сме 11 месеци, децата навистина го сакаат и конечно се чувствувам како да го живеам животот што го заслужувам.
По мозочниот удар, Риона вели дека чувствувала дека нејзиниот живот е завршен. Но, гледајќи ги тие настани, тоа бил само почеток на нејзиниот живот. Таа ја пронашла љубовта и открила нова страст по снимањето на нејзината прва ТВ реклама за „Models of Diversity“.

– Гледајќи наназад, мојата несреќа беше и најдоброто нешто што ми се случило – објаснила Риона.

Извор: The Sun

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …