(ВИДЕО+ФОТО) Наместо развод на Бали Бег и Фахрие им доаѓа ново бебе

Бурак Озџивит и Фахрие Евџан, омилената турска актерска двојка, веќе подолго време се предмет на многу шпекулации дека се разведуваат. Сепак, според турските медиуми, актерите на планетарно популарните турски серии како „Сулејман Величествениот“ и „Кога лисјата ќе паднат“, повторно ќе станат родители.


View this post on Instagram

Mutluluk.. 🙏🏻🎈😌


A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on


„Бурак очајно сака да добие девојка која ќе му биде мала принцеза. Но, секако, најважно за него е бебето да биде здраво и сè да биде во ред“, вели извор во турските медиуми, додека парот сè уште не ги коментирал овие вести.

Но, судејќи според објавите на нивните социјални мрежи, тие двајца се среќни и заљубени.

Тие во април минатата година го добија синот Каран, а исто така, како што објавија турските медиуми, Бурак и Фахрие имале несогласувања кога станува збор за одгледување на синот. Но, извор близок до парот изјавил дека славниот Бали Бег ги решил несогласувањата со неговата сопруга.

„Тие сакаат да си дадат уште една шанса, а ако не успеат, секој ќе тргне по својот пат“, рекол изворот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …