(ВИДЕО+ФОТО) На само 10. години станала холивудска ѕвезда, а потоа била брутално убиена: Кога се дознало кој е убиецот, целиот свет БИЛ ВО ШОК!

За нејзината судбина плачеше цел свет…
Џудит Барси беше детска ѕвезда во 80-тите, а нејзината мајка почнала да ја подготвува за кариерата кога имала пет години.
Нејзината смрт остана запаметена како една од најшокантните во Холивуд, откако таа и нејзината мајка беа убиени од нејзиниот татко, кој потоа си го одзеде животот во 1988. година.
Џудит беше една од најуспешните детски актерски ѕвезди кога на десетгодишна возраст беше застрелана со огнено оружје, а потоа запалена во гаражата на нејзината семејна куќа.
Меѓу другото, глумеше во серијата филмови „Ајкула“, им даде глас на ликовите во цртаните филмови и ѝ беше загарантирана блескавата кариера во Холивуд. До нејзиното четврто одделение во основното училиште, Џудит заработувала околу 100.000 долари годишно.


Благодарение на нејзината заработка, семејството успеало да купи куќа во Лос Анџелес, но зад кулисите на среќното семејство имало поинаква слика. Нејзините родители во еден момент сфатиле дека Џудит е прениска за нејзините години и поради тоа почнале да и даваат хормони за да порасне.
Нејзиниот татко Јозеф бил зависник од алкохол и во неколку наврати се заканувал дека ќе се убие но и членовите на семејството, а потоа ќе ги запали во куќата.
Тој често имал проблеми со полицијата поради возење во пијана состојба, а мајката на Барса во еден момент го пријавила нејзиниот татко за семејно насилство. Физичкото насилство продолжило, но никој не реагирал.
Сето тоа имало шокантно влијание врз Џудит, па дури посетила и психолог за што полесно да се справи со стресната ситуација и со мајка си се преселила во друг стан, но локалниот центар за социјална работа заклучил дека нема причина за вистинска грижа.


Само неколку недели откако се преселиле, полицијата дошла во нивниот стан да изврши истрага. Тоа било во јули 1988. година кога полицијата известила дека пронашла три мртви лица. Се покажало дека станува збор за детето ѕвезда, нејзината мајка и татко.
По обдукцијата и полициската истрага било утврдено дека ја убил татко ѝ Јозеф, како и неговата сопруга, а после тоа си пресудил сам. Светот остана занемен откако дозна дека таткото го извршил ова ужасно злосторство.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …