(ФОТО) Како швајцарски армиски нож: Камп приколка со уникатен дизајн!

Со оваа камп приколка е невозможно да се помине незабележано.
Вљубениците во кампување најдобро знаат колку е важно камп приколка да биде функционална и практична.
Се чини дека кинескиот дизајнер Ху Јонг – кој ја креирал камп приколката од фотографиите успеал да ги задоволи основните барања на еден кампер, а во исто време да направи и приколка со исклучително интересен изглед.
Најголемиот цицач во светот – китот – послужил како инспирација за неговиот надворешен дизајн, а швајцарски џебен нож за неговата функционалност. Имено, кога ќе се паркира на саканата локација, оваа навидум мала приколка може да се прошири и да вклучи дневна соба, кујна, бања и спална соба.

Покрај тоа, благодарение на многубројните прозорци, обезбедено е добро осветлување и проток на свеж воздух во внатрешноста на куќата.
Кујната може целосно да се прошири за надворешна употреба при убаво време или да се остави покриена за готвење во затворен простор кога времето е лошо.

Дизајнерот Ху Јонг ја опишува камп приколката како доволно дарежлив простор за четиричлено семејство.
Оваа интересна камп приколка ја освои наградата за дизајн Red Dot во Германија во 2021. година, а сега е во рана фаза на развој на производството. Цената не е објавена.

Фото: Ferrari Press Agency/Hu Yong/Red Dot Award


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …