(ВИДЕО+ФОТО) МОСКВА ПОБЕЛЕЛА: Падна првиот снег во главниот град на Русија, се подготвуваат за студената зима!


Во раните утрински часови во областа на Москва паднал снег, а првите бели снегулки оваа есен секако претставуваат вовед во најстудениот период од годината во оваа земја.
Според руските метеоролошки служби, се очекува да наврнат околу три сантиметри снежна покривка, а силен ветер да доведе до намалување на видливоста во Москва.

https://www.instagram.com/p/CWNFhyGITJ2/


Агенцијата РИА соопшти дека снегот во поширокиот московски округ на места прераснал во снежна бура, а според најавите на метеоролошките служби врнежите од снег треба да престанат во попладневните часови.
Во петокот центарот на Москва го зафатија првите снежни врнежи. Видливоста на патиштата нагло е влошена и поради тоа сообраќајот е отежнат

https://www.instagram.com/p/CWNGFY0qjsc/


Сепак, првата снежна покривка оваа есен е типична за овој период од годината и не би требало да трае долго – пренесува агенцијата Интерфакс.И покрај тоа што врнежите од снег треба да престанат во попладневните часови, руските метеоролошки служби најавија дека во Москва во наредните денови ќе доминира Ветер и леден дожд, а прогнозите покажуваат дека температурите во наредните денови ќе се движат до минус 7. степени.

https://www.instagram.com/p/CWNGmIbIdse/


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …