(ФОТО) Еве како Тито ги казнувал антиваксерите во поранешна Југославија

Пандемијата на коронавирус навела многу луѓе ширум светот да примат вакцина против оваа болест во обид да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата, но сè уште има и такви кои се противат на вакцинацијата поради една или друга причина.
Јосип Броз Тито, исто така, имал проблеми со антиваксерите во поранешна Југославија, а документ од 1947. година, кој кружи на социјалните мрежи, открива и како ги казнувал.
Имено, откако една младинска бригада, која учествувала во работата на изградбата на пругата Шамац – Сараево, одбила да ја прими вакцината, од нејзиното име е земен зборот ударна, што во тоа време се сметал за голем срам, пишува порталот Klix.ba.


„Третата Личка бригада се казнува со одземање на името на ударната бригада затоа што 90 млади од оваа бригада не сакале да се вакцинираат, со што се создава можност за ширење на заразни болести и загрозување на здравјето на младите“, пишувало во објаснувањето на одлуката.
Казната била прочитана јавно, пред собирот на сите бригади на младинската работна акција на пругата Шамац – Сараево, што го направил срамот уште поголем.

Фото: Facebook/Wikipedia


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …