(ВИДЕО+ФОТО) Македонската алтернативната денс група, БДМ, го промовира седмиот сингл на англиски јазик

Македонската алтернативната денс група, БДМ, го промовира седмиот сингл, Keep All The Love. Песната e во клубски и фестивалски звук, и како претходните песни на групата, донесе еден различен стил на музика во Македонија.


Новата песна на БДМ е во соработката со Дофеин, музичар со македонско потекло кој живее во странство. Дофеин е  анонимен лик скриен зад маска, која е негов заштитен знак и изјави дека зад маската не стои човек, туку идеја.

За Keep All The Love, како и за сите претходни песни, момците од БДМ направија интересно видео. Спотот го режираше Виктор Стоимирова е снимен во Мичиген, САД.


Овој спот е продолжение на првиот спот на БДМ, за песната Lее, кој излезе пред точно три години на истиот овој датум. Ова е трет спот што го снимаме Виктор и презадоволни сме од тоа како изгледаат нашите видеа, па затоа оваа соработка ќе продолжи и во иднина”, велат момците од БДМ.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УТРЕ ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ПЛАТОТО НА УКИМ: МАКЕДОНСКИТЕ ХИТОВИ ДОБИВААТ НОВО РУВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Скопје утре ќе биде домаќин на уникатен музички спектакл! Со почеток во 20 часот, платото …