(ВИДЕО+ФОТО) Луѓето не можат да поверуваат како изгледа овца која 5. години не е стрижена

ОВЦИТЕ треба да се стрижат секоја година затоа што во спротивно нивната волна брзо станува гломазна а токму тоа и се случило на овца во Австралија која не биле стрижени веќе пет години.
Фотографиите од овцата која не била стрижена веќе пет години станаа хит на почетокот на овој месец, бидејќи многумина не можеа да поверуваат како изгледа животното.
Работниците на азилот Edgar’s Mission Farm Sanctuary во Викторија, Австралија, ја нарекоа овцата Барак, а во моментот кога таа беше спасена, било тешко да се препознае дека станува збор за овца под маса од волна и нечистотија тешка неверојатни 35 килограми, пренесува Oddity Central.


„Овците треба да се стрижат најмалку еднаш годишно, во спротивно руното продолжува да расте и расте, како што се случи тука“, рекол Кајл Бехренд од здружението што ја спасила овцата.


Стрижењето овци обично трае неколку минути, но во овој случај траешело повеќе од еден час. Таа беше спасена откако луѓето ја забележале во дивината и го информираа азилот за тоа. Тие напишаа на Фејсбук дека шансите за преживување на овците се намалуваат секој ден поради растечката волна, па решиле да и помогнат.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …