Принцот Хари и неговата сопруга, Меган Маркл, потрошиле околу три милиони евра пари на даночните обврзници на реновирање на својот дом, Фрогмор Котиџ во Виндзор.
Нивниот дом, во кој војводата и војвотката од Сасекс се преселиле пред раѓањето на синот Арчи, има пет одвоени соби.
Нивниот дом, во кој војводата и војвотката од Сасекс се преселиле пред раѓањето на синот Арчи, има пет одвоени соби.
Куќата им ја подарила кралицата и тоа после шпекулациите дека во претходниот дом, каде што живее и принцот Вилијам со семејството, имало чести кавги помеѓу Меган и Кејт.
„Хари и Меган се преселија во април, еден месец пред раѓањето на Арчи. Кога е објавена веста за преселбата, пред една година, кралското семејство тврдело дека средувањето ќе биде околу 1,9 милиони евра, како и дека тоа ќе го плати кралското семејство.

Меѓутоа, објавените податоци покажуваат дека средувањето чинело околу три милиони евра само во април, за да сега цената достигне износ од 3,8 милиони. Надворешниот дел од куќата е искречен. Петте станови се претворени во еден, вградена е луксузна кујна, а заменети се сите подови, камини и скали. Меган барала еколошка боја без токсини и од вегански материјали“, пишува „Fox news“.
BBC пишува дека за обнова се користени пари од даночните обврзници, а не од фондовите кои самото кралско семејство ги заработува од издавање на недвижнини.
„Имотот со години не е средуван и моравме да го прилагодиме на условите за живот за кралското семејство“, рекол сер Мајкл Стивенс, чувар на кралскиот фонд.
И принцот Вилијам и Кејт Мидлтон за средување на куќата во рамките на Кенсинготнската палата, пред неколку години, потрошиле вистинско богатство – скоро 4,5 милиони евра.