(ВИДЕО+ФОТО) Кралицата Елизабета на работната маса има слика од само еден принц

Голем број луѓе и оваа година ја следеле традиционалната божиќна порака на кралицата Елизабета Втора, при што забележале интересен детал – овој пат кралицата Елизабета на своето биро чувала слика од само еден принц.
Нејзиното височество секоја година на Божиќ, 25 декември, им се обраќа на Британците и на другите жители на земјите од Комонвелтот, а годинешната порака оставила посебен впечаток.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal)


Сепак, како и обично, медиумите „се фатиле“ и за други детали од видео пораката, како што е бирото на кралицата.


Британците се навикнати кралицата секогаш да има фотографии од целото нејзино семејство или барем блиски наследници кога се обраќа, но оваа година во кадарот имало слика на само еден принц – нејзиниот сопруг Филип, со кого оваа година ја прослави 73-годишнината од бракот.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …