(ВИДЕО+ФОТО) Концерт што не се пропушта: Горан Бреговиќ и Македонска филхармонија во Скопје го носат светскиот спектакл „Три писма од Сараево“!

Најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и популарен Горан Бреговиќ, конечно го носи својот последен проект „Tri pisma iz Sarajeva“ и во Скопје, на 22-ри март во ВИП Арената.
Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите кои што ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.


Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“ е најпровадан Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.
Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други, па така со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник наутро (03.12) преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР 1 (седење)- 1.500 денари
ПАРТЕР 2 (седење)- 1.200 денари
ПАРТЕР 3 (седење)- 1.000 денари
ТРИБИНИ- 700 денари (блок 1 и 15)
SILVER SEATS- 1.000 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)
GOLDEN SEATS- 1.200 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)
ВИП- 1.500 денари (блок 13)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …