(ФОТО) Премиера на „Малата сирена“ во „Марко Цепенков“ во Прилеп

Танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности “Зодијак” од Прилеп во партнерска соработка со Училиштето за театар Чин 4 Сцена 5 од Прилеп, во недела на 02 декември 2018 година во големата сала на Н.У. Центарот за култура “Марко Цепенков” со почеток од 11:00 часот, премиерно ќе ја изведе новата хит претстава за деца и млади со наслов МАЛАТА СИРЕНА.


“Најголемиот предизвик во подготовките и адаптацијата на цртаниот филм Малата сирена од Дизни за сценска изведба не е само технички, но и комичен пред се во намерата да се најде начин да се репродуцира извонредниот магичен вокален лик на ракот Себастјан во изведба на Семјуел Врајт, а воедно и збогатувањето на македонскиот фонд на адаптирани дела од светската драматургија надополнети со македонски сонгови кои дополнително го збогатуваат овој вид на музичко-сценско дело”. Дејството се случува во три слики: на површината од морето, на дното и на копното. Формулата на Дизни е позната како и секогаш: малата и убава сирена Ариел има прекрасен глас и живее на дното од океанот но има авантуристички дух и претпочита да истражува. Противејќи се на својот татко кралот Трајтон и прекршувајќи ја забраната за посета на површината на водата, малата тинејџерка се заљубува во прекрасниот принц Ерик. Желбата да се биде со него, да танцува и прави се тоа што прават луѓето е преголема па го дава во залог својот прекрасен глас во замена за нозе кај морската вештерка Урсула. Љубовната приказна помеѓу Ариел и Ерик е проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи сонгови на македонски јазик, од вообичаената Дизниева практика, убави разиграни кореографии и мизасценски решенија, колоритни костими, кои се уредно спакувани пополнувајќи ги сите дупчиња во една детска магична сложувалка.


Преводот на текстот е на Благојче Николоски, драматизацијата и адаптацијата на македонски е на Кире Миладиноски, режија, костимографија, сценографија, кореографија, кукли и сонговите на Кире Миладиноски, музика Алан Менкен и Томе Темелкоски, дизајн на рекламен материјал и светло мајстор Саша Нацевски, играат: Марија Костоска, Деспина Башеска, Дамјан Трајкоски, Лилјана Јованоска, Ивана Стеваноска, Евгенија Кузманоска, Благојче Николоски и Марија Стеваноска.
Оваа продукција е потпомогната од Министерството за култура на Република Македонија-национална програма 2018 и Локалната самоуправа на Општина Прилеп, а како копродуцент партнер е Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп што воедно е матична сцена каде работат танц студиото и училиштето за театар Чин 4 Сцена 5.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …