(ВИДЕО+ФОТО) „ИМА ЉУБОВ ВО НАС“ – ПРВИОТ СИНГЛ ОД НОВИОТ АЛБУМ НА ДАНИ ДИМИТРОВСКА

„Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов!” – вели Дани за својот најнов сингл „Има љубов во нас” кој го промовираше вчера во АудиоКултура.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska)



Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.
Музичкиот спот за „Има љубов во нас” од вчера е достапен на Јутјуб, а аудио записот заедно со англиската верзија се поставени на сите музички платформи.
Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Бучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.

Весна Малинова: „„Има љубов во нас” е повик и потсетување. Вистината која сјае во сите детски очи, која, како растеме, ја потрупуваме со стравови и ставови… интелектуални анализи и прагматични одговори… Љубовта е свеста и единствената причина што постоиме. Кога се губиме, насока да се пронајдеме. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов.”


Дани е рок амбасадор на нашата земја веќе 25 години и зад себе има три албуми, бројни награди и признанија, успешни настапи и концерти. Со новиот албум најавува една нова ера во својата кариера, а нејзиниот глас и порака ќе бидат слушнати и надвор од нашите граници.

Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …