ПОКАНА ФЕМИНА 2023

Изложба на ДЛУМ „Фемина V.S.Фемининологија“ – соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб

Информација за отворање на изложба „ФеминаV.S.Фемининологија„ соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб.

Изложбата ќе ја отворат:


Проф.д-р Дита Старова Керими, директорка на Национална галерија,

Проф.д-р Јана Манева-Чупоска, претседателка на ДЛУМ и кураторка на проектот


-историчар на уметност -кураторка г-ѓа Санда Станаќев Бајзек од Хрватска

Петто издание на проектот ФЕМИНАV.S.ФЕМИНИНОЛОГИЈА проект во соработка помеѓу ДЛУМ и ХУЛУЛУК од Загреб.


10 македонски авторки и 10 хрватски авторки работеа во пар.

Кураторки: Санда Станаќев Бајзек и Јана Манева-Чупоска.

Извадок од текстот од каталогот на кураторката од Хрватска Санда Станаќев Бајзек:

„Тие ја менуваат перцепцијата создавајќи „здрава“ и моќна основа за тематизирање и прикажување на повеќекратниот идентитет на жената, бројните архетипи и стереотипи на кои е изложената жената, како глобални теми. Преку нивната сложена морфологија и интердисциплинарен пристап кон сликарството, тие можат јасно да се прочитаат од нивните уметнички дела. Тие го тематизираат сопствениот идентитет поминувајќи низ „заедничките места“ на нашите цивилизациски сопнувања – сексуалноста, личните слободи, моралот, наметнатите улоги. Тие ја откриваат и ослободуваат жената, покажувајќи ја во многубројноста на нејзините улоги. Нивните уметнички приказни го надминуваат нивното матично време, станувајќи општи и универзални, исконски и современи, докажувајќи дека големите теми не се ниту „женски“ ниту „машки“, туку само човечки.“

Извадок од текстот од каталогот на кураторката Проф.д-р Јана Манева-Чупоска:

„Како една од многуте тенденции во ликовната уметност оваа тема – „Пар“ ќе вбројува ликовни уметници кои со својот различен или сличен ликовен израз ќе навлезат во ова ликовно толкување што ќе ги испровоцира да го пронајдат својот „пар“ како „спротивна“ или „еднаква“ ликовна компонента. Концептот на изработка на делата е конципиран во организиран тим односно пар од две уметнички кои ќе креираат и изработат едно или неколку дела кои треба да се компатибилни, слични, различни, спротиставени или нееднакви во својата ликовна концепција. Испреплетувањето на диференцијални ликовни сигнализации ќе придонесе за креирање на овој концепт до фаза на еднаква или нееднаква кохезија. Еден „пар“ може да ги преслуша, креира, раздвои или обедини еднаквостите или различностите во самиот процес на создавање на ликовното дело.“

УЧЕСНИЧКИ ОД МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА

МК- АнаТрајковска-АланаКајфеж -ХР

МК-ВанаУрошевиќ-ГабријелаШимиќ -ХР

МК-ХристинаЗафировска-ЛуциаЛабас- ХР

МК -ЈанаЛуловска-НиколХјуит-ХР

МК-ТањаТаневска-ТараБеатаРац- ХР

МК -НаташаМилованчев-ДијанаНазорЧорда- ХР

МК-МаринаЦветановска-МартиновскаИванаОжетски-ХР

МК -МаринаКоцарева-Ранисављев-ИванаБакал-ХР

МК -МајаРауникКирков-ИренаГајатриХорват-ХР

МК-ЈанаМанева-Чупоска-ПаулинаЈазвиќ–ХР

На 16ти јунисопочетокво 12.00 часотвокинотекатанаМакедонијаќесеодрживидеопроекцијанавидеатанаЈанаМанева-Чупоска, ЈанаЛуловска и НиколХјуит.

МултимедијаленцентарМалаСтаница, Националнагалерија,Скопје

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА НА 15.06. – 28.06.2023

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната фолк пејачка Благица Павловска

Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска …