(ВИДЕО+ФОТО) Хорор во Америка: Без причина од третиот спрат на трговски центар фрлил шестгдишно дете

Емануел Дешан Аранда (24) не предизвикан од ништо фрлил шестгодишник од третиот спрат на трговскиот центар Mall of America во Блумингтон, Минесота.
Во петокот, Емануел Аранда, според сведочењето на сведоците го турнал или фрлил момчето Ланден Хофман (6) преку оградата на балконот од третиот спрат на трговскиот центар, пишува Daily Mail.
Детето паднало од висина од десет метри. Сведоците велат дека мајката на детето врескала во напад на хистерија , после инцидентот.
„Врескаше ‘Молете се сите, молете се. О, Мој Боже, моето дете, некој го фрлил преку работ’“, раскажал еден сведок.


Аранда веднаш по инцидентот почнал да бега, но полицијата успеала да го фати и совлада. Се противел на апсењето и одбил на полицијата да и го каже своето име.
Брзата помош веднаш го префрлила детето, кое лежело во бара од крв, во болница. А, набргу потоа началникот на бломбершката полиција, Џеф Потс, рекол дека детето е со тешки повреди префрлено во болница каде прима соодветна нега.
Аранда е обвинет за обид на убиство и моментално е во притвор. Полицијата верува дека станува збор за изолиран инцидент а според достапните информации Аранда не познавал никого од семејството на детето.


Судските записи покажуваат дека Аранда има историја на ментални проблеми и дека два пати му е забрануван прилазот до дотичен центар. Пред три години бил уапсен проади фрлање на предмети од еден спрат на центарот на друг.
Неколку месеци подоцна во една пригода испокршил чаши на еден изложбен центар, а вториот пат со стаклена чаша погодил минувач во глава, а на друга, случајна минувачка, во нога, која одбила да му купи нешто на негово барање. Тој пат ја прекршил и забраната на приоѓање која му забранувала одење во центарот на една година од претходниот инцидент.



Роднината на Ланден, Ејприл Хофман се огласила на Инстаграм.
„Чудовиште од човек го фрли од 3. спрат од трговски центар, секоја секунда се бори за да остане со нас“, објавила.
Во меѓувреме, пријатели на семејството покренале GoFundMe кампања за Ланден кого го опишале како „најслатко и најдраго 5. годишно дете кое можете да го запознаете“. Целта на кампањата е да соберат пари за сите идни трошоци за операции и рехабилитација. Кампањата за само два дена собрала 336. илјади долари, што ја надминало почетната цел од 250. илјади долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …