Околу 525.000 приврзаници на независноста на Каталонија се собраа во Барселона да протестираат против пресудите за нивните водачи и да бараат отцепување од Шпанија.
Главниот собир, каде што се наоѓал најголем број демонстранти, поминал мирно со бројни знамиња што ја симболизираат независноста и транспаренти „слобода на политичките затвореници“.
Во друг дел од градот, илјадници студенти и ученици, кои излегоа на штрајк во средата, се обидувале да стигнат до зградата на шпанската национална полиција која ја чува интервентната полиција.Таму дошло до пресметки во кои биле уапсени три лица, меѓу кои и две малолетни лица, а еден полицаец е повреден.
Студентите со маскирани лица пристапиле кон фрлање камења и шишиња но се повлекле по полициската интервенција. „Антифашистичка Барселона“ и „Улиците секогаш ќе бидат наши“, викале тие. На едно видео се прикажани демонстрантите кои ја опсипуваат полицијата со ѓубре.