(ВИДЕО+ФОТО) Хаос на мрежите – Шакира ја нападна машкоста на Пике: „Си замени Ферари за Твинго“

Шакира не престанува да му задава удари на Жерар Пике, а со новата песна јасно стави до знаење дека не ни и е ниту до колена.
Колумбиската поп пејачка уште еднаш ги искористи своите вокални способности за да му покаже на целиот свет кој е всушност Жерар Пике. Еден ред од песната наведе многумина да шпекулираат дека Шакира пее за изневерувањето на Пике со Клара Марта.

View this post on Instagram

A post shared by BZRP (@bizarrap)



„Жена – волк како мене не е за момци како тебе“, пее поп-ѕвездата и додава: „Јас вредам за две 22-годишни, си замени Ферари за Твинго, Ролекс за Касио“. Со овие текстови таа јасно стави до знаење што, поточно, кој ја мотивирало да ја напише оваа песна.

За што станува збор погледнете во видео материјалот:


View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


„Иако нашите рани продолжуваат да бидат отворени во оваа нова година, времето има раце на хирург.
Дури и ако некој не изневери, ние мора да продолжиме да веруваме.
Соочени со презир, продолжете да се цените себеси.
Затоа што има повеќе добри луѓе отколку непристојни.
Повеќе сочувствителни од индолентните луѓе.
Сè помалку заминуваат, а повеќе остануваат покрај нас.
Нашите солзи не се отпад, тие ја наводнуваат земјата каде што ќе се роди иднината и нè прават почовечки, за среде скршеното срце да продолжиме да сакаме“, напишала Шакира на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)

Да потсетиме, Шакира и Жерар објавија дека се разделуваат по 11 години врска во јуни 2022 година. Заедно, двојката има два сина, Милан (9) и Саша (7).
Од раскинувањето, славниот фудбалер е забележан како страсно се бакнува со својата нова љубов Клара Марта и повеќе не ја крие новата врска.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …