(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоко Ѓорчев доживува втора младост во кариерата: Нови песни и концерти како сега да започнува!

Ако за некој со сигурност може да се каже дека музиката му е живот тогаш тоа е Ѓоко Ѓорчев. И’ денес, но посебно во пандемиското Ковид време, секој ден не радуваше со своите изведби „од дневната соба“…
Тоа, на еден начин помина и сега е максимално посветен на тоа што му претстои…
По ноемврискиот концерт во Старата чаршија во Неготино кога се бараше место повеќе, за да се слушне нивната но и македонска легенда, Ѓоко сега пред себе има нови предизвици…Бидејќи, ако многумина и не го „познаваа како пејач“ освен по некои тонски и видео записи, по тој концерт конечно го запознаа и како изведувач и како човек…


Неодамна пак во два наврати можевме да го видиме неговиот настап во „Мерак меана“ на ТВ Сител. Беше впечатливо каков ефект Ѓоко остави на неговите колеги и колешки од фолк сцената…На неговите настапи се стоеше, пееше и аплаудираше…со што тие му одадоа почест за долгогодишната работа, но и не само тоа. Туку, му се восхитуваа за тоа што го слушаат…


Но, да се навратиме на концертите…Како ретко кога до сега, Ѓорчев имаше бројни настапи кои резултираа со некои „нови норми и правила“…
Неговите нови настапи, концерти, веќе се знаат.
Неготинските пријатели и спонзори решија концертот што Ѓоко го имаше во ноември да го префрлат за крајот на мај (25 или 26) и да стане традиционален…На тој начин Неготино и возвраќа на својата легенда а тој пак ќе им се оддолжи со одличен концерт и нови песни кои се веќе во подготовка.
За есента пак се најавува голем концерт во Скопје (во МНТ или Филхармонија) но за тоа потоа – кога ќе биде се’ прецизирано ќе известиме…


„Идејата да имам традиционален концерт секој мај во Неготино ме изненади но и израдува. Моите пријатели и блиски знаат дека сцената и музиката се мојот живот. Очигледно е дека ноемврискиот концерт остави длабока трага меѓу луѓето. Секој ден кога ќе излезам во чаршијата наидувам на луѓе кои зборуваат за тоа…Како тоа да беше оној клик за да се’ повторно започне за мене. Се чувствувам како на почетоците, кога секој настап е нов предизвик, но овојпат од друг агол – со 30 години кариера поинаку им пристапувам на работите. Се е помирно и лежерно. И, додека ‘ме држи гласот’ ќе пеам за сите мои пријатели и обожаватели“, ни рече Ѓоко.

This image has an empty alt attribute; its file name is gjoko-nastap-noemvri.jpg
Ние пак ќе додадеме дека неговиот идол Сер Том Џонс и во деветтата деценија пее, а со оглед на тоа дека нашиот Ѓоко е многу помлад сигурни сме дека од него не очекуваат уште многу нови и убави песни и концерти…
Па, има ли нешто поубаво од музиката?

Г.О.

Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …