(ВИДЕО+ФОТО) Германци слават Божик со капење во ладно езеро:„Берлински фоки“ повторно пливале во леденото Oranke lake…

Околу 20. германски познати под името „Берлински фоки“ го извеле своето традиционално Божиќно капење во Oranke lake, едно од многуте езера иако температурата била под 10. степени…но за нив била скоро тропска во споредба со минатата година.


Околу 20. германски познати под името „Берлински фоки“, исто така познати и како ледени пливачи ја продолжуваат традицијата која трае долги години, бидејќи, многу луѓе после обилните божиќни јадења сакале малку да се рекреираат.
Пливачите исполнети со храброст и пеејќи божиќни песни и оваа година се упатиле на пливање, но се „топлеле“ со варено вино.
Изминатите години езерото било замрзнато па „фоките“ прво морале да копаат длабоки дупки во ледот за да можат да пливаат.


„Водата е дефинитивно доволно ладна. Добредојдени сте и самите да ја тестирате. Таа одзема многу енергија“, рекла Регине Хелд, членка на берлинските фоки.
Еден редовен член рекол дека и без лед пливањето вредело за секој момент поминат во ладната вода.
Традицијата на божиќно пливање во источен Берлин во Oranke lake датира од 1980. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …