(ВИДЕО+ФОТО) ДОЧЕК НА ТАЈМС СКВЕР: Њујорк ќе ја слави Новата година и покрај рекордниот број заразени

Прославата на Новата година на Тајмс Сквер во Њујорк ќе се одржи и покрај рекордниот број заразени со Ковид-19, потврди вчера градоначалникот Бил де Блазио.
– Сакаме да покажеме дека одиме напред, и сакаме да му покажеме на светот дека Њујорк се бори на овој начин – изјавил де Бласио за NBC, кому денеска му е последниот ден како градоначалник.

Додека некои американски градови, како што е Атланта, ги откажаа новогодишните прослави, Де Блазио рекол дека високата стапка на вакцинација против Ковид-19 во Њујорк го прави возможно одржувањето на традиционалната новогодишна прослава на Тајмс Сквер, но под строги мерки.
Како што беше претходно прецизирано, просторот за публиката која вообичаено прима околу 58.000 луѓе ќе биде ограничен на околу 15.000 за да се овозможи поголема дистанца, а сите присутни мора да покажат доказ за вакцинација и да носат маска.



Новиот градоначалник Ерик Адамс ќе положи заклетва на Тајмс Сквер во сабота наутро.
Ширењето на сојот омикрон доведе до зголемување на бројот на случаи на ковид во Соединетите држави во просек на повеќе од 265.000 дневно.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …