Дина Јашари е првиот македонски музички изведувач кој настапил на мега-популарното шоу „24 Минути со Зоран Кесиќ”.
Дина Јашари минатиов викенд блесна на регионалното музичко небо со настапот на популарното шоу „24 Минути со Зоран Кесиќ3 каде заедно со Лука Тошев се претставија со двете нумери „Бои” и „Дома” кои неодамна без издадени на нејзиното прво EP. Видеото можете да го видите тука.
Дина овој викенд, исто така настапи во полниот Дом Омладине во рамки на конференцијата „Контакт” каде за прв пат и се претстави на белградската публика.
Овој настап е дел од мини-Балканската турнеја на Дина Јашари, а и преостануваат уште 4. настапи во Хрватска и Босна заедно со македонскиот бенд „21 Век”.
Фото: Приватна архива