(ВИДЕО) ОТВОРЕНО СО Кристина Димитријевска: И’ денес се чуди што лани летото Даниел ја обвинил дека пробала да го отруе со кафе!


„До сега не сум зборувала за ова јавно. Тоа беше само една лажна манипулација што ја решив преку надлежните органи. Луѓето што сакаат да изманипулираат и наштетат, само на себе можат да си наштетат”

„Како мала тренирав карате, и кога некое машко ќе ми кажеше дека сум убава, јас го тепав. Тоа ми беше понижување, не смееше тоа да ми го кажат. Потоа со татко ми почнав да гледам избори за убавина и тој ме научи дека треба да бидам женствена”, открива манекенката Кристина Димитријевска во интервјуто за „Репортер”. Ретко кој знае дека од татко ѝ ја наследила и насмевката, па му ја пренела и на својот син Давид, кого го има од бракот со пејачот Даниел Кајмакоски. Давид ѝ е сè, а за поранешниот маж, со кого го има синот, не сака да зборува многу. Вели дека и денес се чуди што лани летото Даниел ја обвинил дека пробала да го отруе со кафе.


This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-dimitrievska-3.jpg

„До сега не сум зборувала за ова јавно. Тоа беше само една лажна манипулација што ја решив преку надлежните органи. Луѓето што сакаат да изманипулираат и наштетат, само на себе можат да си наштетат”, рече Кристина за „Репортер”.


Додека седевме во нејзиниот омилен ресторан во Скопје, зборуваме за изборите за убавина на кои учествува повеќе од десет години. Но и за круната што ја освои лани, кога стана Мис карантин на светот. Вели: „Сакам да сум последна девојка со ваква титула, а на светот да не му се повтори короната”.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-dimitrievska.png


Покрај тоа што манекенството ѝ е прва љубов, таа пред неколку месеци стана пејачка. Сега скоро секој викенд пее во клубовите низ Македонија, а на настапите секогаш е заедно со диџеј Боно, кого го запознала пред четири месеци. Тие заедно работат и на нивната прва песна.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-dimitrievska-4.jpg

„Иако се знаеме толку кратко, имам чувство дека се познаваме со години. Поради таа близина, која се гледа и на сликите, најверојатно се појавија муабетите дека сме во љубовна врска”, ни кажа Кристина.
Во разговорот ни откри и како реагираат девојките и жирито на изборите за мис кога ќе дознаат дека е мајка. Зборувавме и за родителите, зошто одбила да се пресели во Америка, како се снаоѓа во кујната, зошто диџеј Боно бил опседнат со неа пред да се запознаат, каков шофер е и за колку часа најбрзо стигнала од Белград до Скопје… Гледајте го видеото.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Основното музичко и балетско училиште ги започнува уписите за учебната 2025/2026 година

Основното музичко и балетско училиште “Илија Николовски-Луј“ ги започнува уписите за учебната 2025/2026 година. Доколку …