СТРАДАЊЕ – Да им помогнеме на Светлана и нејзиното дете да почнат достоинствен живот!

Сакам да побарам помош од СИТЕ вас за моја блиска пријателка.
На кратко, најголемиот проблем започнува 2009. година кога Светлана Георгиевска е исфрлена на улица, и тоа со детето, од страна на свекрвата и помалиот девер, откако нејзиниот маж ненадејно починал од срцев удар.
Од 2009. година и до ден денес, Светлана Георгиевска нема дом.
На 30.01.2022 година и на 11.02.2022 година, Светлана Георгиевска излезе во медиуми ЈАВНО да побара помош и да објасни дел од ситуацијата со која се соочува (таа прво излезе во емисијата `Срце на дланка` – прилогот може да се погледне на YouTube каналот на TV Alfa – TV Alfa Emisii – Срце на дланка Сезона 2 ер.18 (30.01.2022) и започнува од 29 минута; таа вторпат излезе во утринската емисија `Здраво Македонијо` на Канал 5 телевизија).

Последнава година и пол, во текот на пандемијата, дополнително, Светлана Георгиевска беше приморана да спие во кројачкот салон во ТЦ Антико (сутерен) каде воедно работи и да се бања и пере каде стигне. Плаќање кирија за стан не е возможно поради финансиски проблеми. Моментално таа престојува во стан на другарка, но тоа е само привремена помош од неколку месеци.
Освен сето ова, во моментов се соочуваме и со здравствен проблем од онколошки карактер, кој дополнително ја отежнува целата ситуација.
Затоа јас, Ема, сакам да побарам помош од СИТЕ вас доколку сакате да се приклучите ЗАЕДНО да помогнеме, кој колку може, со цел да се подобрат околностите на мојата пријателка, за таа да може да живее како човек и да ги има основните услови потребни за живеење.
Ако сакате и ако можете финансиски да помогнете, нејзината жиро сметка на Стопанска Банка АД – Скопје, С. Македонија е 200002542315187, Светлана Георгиевска.
Исто, ако сакате, може да помогнете и со споделување на проблемов на социјалните мрежи.
Со цел да се одржи транспарентноста, да ви пратам материјали за споделување и да ве информирам за напредокот на целата ситуација од почетокот до крајот, слободно додајте ме како контакт на Viber, мојот број е +38970 584 196.
Секој 28ми во месецот заедно се вклучуваме на групен разговор, еднаш неделно (понеделник), соопштувам ако има новости, а поединечно, за работи поврзани само со ситуацијата, може да ми пишете порака на Viber, обична SMS порака (во која покрај прашањето/текстот ќе стои и вашето име и презиме) како и слободно да ми се јавите кој ден и да сакате, од 10 до 18 часот.


Знам дека во моментов многу неубави работи се случуваат во светов а и дека секој како единка има одредени проблеми со кои секојдневно се справува, но можеби некој од вас ќе може да се приклучи да помогнеме заедно.

Срамота е и жално е што некој во овие тешки времиња, и во оваа земја, и заради одредени себични и немилосрдни луѓе, како и игноранти, е приморан да остане без кров над глава, на улица, во мака и со непредвидлива здравствена ситуација и да не може достоинствено да живее.


Се надевам дека ова писмо ќе допре до повеќе добри луѓе и дека и вие ќе се приклучите да помогнеме ЗАЕДНО, кој колку може.
Фала на одвоеното време и се најдобро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …