(ВИДЕО+ФОТО) ДАМА СО СТИЛ – Кејт Мидлтон блеска ВО ПАЛТО КОЕ Е ТОТАЛЕН ХИТ ЗА ЕСЕН 2022: Одлично ја истакнува половината, затоа во него е УШТЕ ПОЗГОДНА!

Палтата со овој крој доминираат на модната сцена, а принцезата избрала токму такво!
Принцот Вилијам и неговата поубава половина, Кејт Мидлтон, се придружија на толпата од над 20.000 фанови да им дадат поддршка на Бостон Селтикс на кошаркарски натпревар. Имено, омилениот пар на кралското семејство моментално е на американска турнеја, а дел од планираните активности беше и посета на стадионот „ТД Гарден“.

За оваа прилика, сопружниците беа стилски феноменално вклопени. И двајцата се одлучија за тегет и сини нијанси. А судејќи по снимките, тие не ја симнале насмевката од лицето и одлично се забавувале, а не обрнувале ниту внимание на некои свирежи во салата кога спикерот ги претставил и ги покажал на големиот екран. Можат да се слушнат коментари дека Кејт никогаш не изгледала поубаво.



Кејт блеснала во морнарско сако кое долго време е тотален хит, а и самата досега неколку пати го носела. Модел со ваков крој одлично ги истакнува струкот и рамената, а витката линија на принцезата уште повеќе доаѓа до израз. Бидејќи блејзерот има детали во црна нијанса, таа го споила со панталони и салонки во иста боја. Целиот изглед го заокружила со меки бранови и шминка, според што е препознатлива.


This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-midlton-palto.jpg
Од друга страна, принцот Вилијам се одлучил за спортска елеганција, но во слични бои кои ги носи неговата сопруга. Тој се појавил во безвременски темно син костум и кафени чевли, кои му дале посебна нота на целиот аутфит.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …