(ВИДЕО+ФОТО) ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР – НИКОЈ НЕ ГЛЕДА ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: Конечно знаеме што ќе има во ДОКУМЕНТАРЕЦОТ на Меган и Хари! Шок зборови на славниот пар!

Експлозивниот трејлер за документарната серија, вредна 107 милиони долари, на Нетфликс во која главните улоги ги толкуваат принцот Хари и Меган Маркл, беше емитуван денеска, во кој славната двојка споделува исклучително интимни фотографии, меѓу кои и една од војвотката од Сасекс како плаче.

Во позадина се слуша и гласот на Хари кој вели: „Никој не може да види што се случува зад затворени врати“, само една секунда пред да се прикаже фотографијата на која Меган ја покрива главата со рацете додека зборува на телефон.



На друга слика, Меган седи до Хари на каучот, војвотката ги држи двете раце на лицето додека нејзиниот нерасположен сопруг ја држи главата навалена наназад.

Други фотографии даваат интимна слика за заедничкиот живот на двојката, а вклучуваат Меган како го ниша трудничкиот стомак, Хари свири гитара и парот кој танцува на нивната свадба.
Сепак, публицитетот за контроверзниот документарец тешко можеше да дојде во полош момент за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои на вториот ден од посетата на САД, засенети од кавгата околу настаните во Бакингемската палата.

Во секој случај, клипот од една минута и 12 секунди се отвора со прашањето на продуцентот: „Зошто сакаш да го направиш овој документарец?“ пред да се појават повеќе од десетина фотографии на кои Хари и Меган поминуваат време заедно, но и со една слика од принцот и принцезата од Велс. Тогаш се слуша гласот на Хари како вели: „Никој не гледа што се случува зад затворени врати“, пред гледачите да видат фотографија од Меган во очај. „Морав да направам се што можам за да го заштитам моето семејство“, додава војводата.

Трејлерот конечно преминува и на самата Меган, која вели: „Кога влогот е толку голем, нема ли смисла да се слушне нашата приказна од нас?“

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Куклената претстава „Дванаесетте месеци“ вечерва во Театарот за деца и младинци

Вечерва во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, најмладата …