(ВИДЕО+ФОТО) Браво за Бојана Скендеровски: Сергеј ја нарече „мутирана Лила“, но таа не му молчеше како другите – Му врати во негов стил!

Оние со „многу нерви“ можеби и го следат шоуто на Сергеј Варошлија во кое тој редовно (веројатно така мислат дека ќе имаат гледаност) ги навредува македонските познати личности, но една од нив – Бојана Скендеровска не му остана должна. Впрочем, се’ додека некој не започне да се спротивставува на овие „од рака“ искажани модени критики веројатно ниту авторот на емисијата нема да „дигне рачна“ и да се замисли што е тоа што го прави…

„Изгледаш како мутирана Лила“. Ова е само една, од многуте навреди на сметка на нејзиниот физички изглед, кои Сергеј Варошлија ѝ ги упати на Бојана Скендеровски.


Некогашната пејачка, а денес водителка на емисијата „На улица Македонија“, не молчеше пред навредите на стилистот.


„Слушам кај лепотанов,хермафродитов или не знам кој род е,не знае ни сам што е, јас сум дошла на ред за плукање…те чекав искрено,и тоа со мерак….
Епа вака душо….Ти што немаш професија,односно „градиш” во моментов некоја кариера,и лажеш дечиња,да фаќаат сеир,искрено си за жалење,изгледаш на црвче во хеланки,и си многу,ама многу лошо нашминкан,и пропагираш „изблајхани” коси,како што е впрочем твојата….(подгоренка,и ретка)
Продолжи да бидеш лингур и да си ги фалиш другарките,или пак тие што ќе те почестат по нешто….Те разбирам,мора да се живее од нешто….
Ти благодарам за убавиот избор на мои фотографии….
Добра ноќ“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …