(ФОТО) Поради грешка на лекарите оваа убавица ќе има последици цел живот:10. години погрешно ја лекувале

Британката Карла Креси (27) покренала петиција во средните училишта да почне да се крева свеста за ендометриозата, болеста која неа била дијагностицирана после десет години погрешно лекување.
Карла на 14. години почнала да чувствува болка во стомакот а кога побарала лекарска помош, и бил дијагостициран синдром на иритантно црево и цела деценија ја лекуавале од тоа.
„Ендиометриозата е една страшна состојба и да знаев да ги препознаам симптомите би било поинаку. Докторите од мене направија будала, како да е нормално тешко да крвариш и да паѓаш во несвест“ рекла Карла.

https://www.instagram.com/p/BPJsnC8Aomi/


Ендометриозата е болест кај која отекувањата од ендометријата, слузницата на матката кој нормално се наоѓа во неа, се наоѓа вон матката. Тоа ткиво на слузница на матката прираснува за јајниците и лигаментите кои и даваат потпора на матката, и поретко таа прираснува за надворешниот дел на тенкото и дебелото црево, мокрачните канали, мокрачниот меур, вагина…

https://www.instagram.com/p/BYbycmtD4pw/


„Околу половина час после секое јадење стомакот ќе ми се надуеше како балон. Имав и главоболки, вртоглавици и чувствував страшна болка во грбот“ вели Карла и додава дека поради оваа состојба морала да ја напушти работата на модел со што се занимавала.Сепак, тоа не е најлошо, бидејќи, како што вели не знае дали ќе може да има деца иако тоа го сака најмногу на светот.

https://www.instagram.com/p/BYiJeRHjiGp/


Сега, кога конечно и била утврдена вистинската дијагноза минува низ операции, но и поради лековите кои ги зема се соочува со рана менопауза. И сето тоа во 26. година живот. Таа зема лек кој го намалува производството на естроген за да се спречи растот на ендометриското ткиво, поради што се јавуваат симптоми на менопауза кај младите жени.
Дијагнозата на ендометриоза, за жал, не е проблематична само во случајот на Карла, бидејќи за оваа болест е тешко да се направи дијагноза и таа се надева дека нејзината иницијатива ќе го промени тоа.

https://www.instagram.com/p/Ban4z_8Fspo/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …