(ВИДЕО+ФОТО) Бившиот на Моника Белучи очекува дете со 30. години помладата сопруга

Винсент и Тина судбоносното Да го изговориле во август минатата година во Бидарт, на југозападот на Франција. Иако нивната венчавка предизвикала голем интерес во јавноста парот се одлучил за поскромна венчавка…
Бившиот сопруг на Моника Белучи, францускиот глумец Винсент Касел (52) очекува дете со 30. години помладата манекенка Тина Кунаки (21). Парот се појавил на премиера на филмот „L’Empereur De Paris” во Париз, а манекенката со облеката не можела да го скрие трудничкото стомаче.


Винсент и Тина судбоносното Да го изговориле во август минатата година во Бидарт, на југозападот на Франција. Иако нивната венчавка предизвикала голем интерес во јавноста парот се одлучил за поскромна венчавка.Младата Италијанка открила дека кога првпат го запознала Виннсент не знаела кој е тој.



„Пораснав на село. Немавме телевизија и не одевме во кино. Кога бев дете моите интереси беа ограничени на училиштето и фудбалот“, раскажала Тина. Тврди дека првпат сфатила кој е тој кога за време на едно излегување биле окружени со папараци. Парот живее заедно во Рио де Жанеиро а најмногу сакаат да одат на срфање на плажата Ипанема.

Винсент 14. години бил во брак со глумицата Моника Белучи (53) со која ги има ќерките Дева (13) и Леони (7). Ниту тој ниту глумицата не ги објасниле причините за развод. Винсент Касел и Тина се заедно од 2016. година, а глумецот истакнал дека е пресреќен откако е во врска со Тина.

View this post on Instagram

HAPPIEST NEW YEAR EVER #andifyoudontknownowyouknow

A post shared by Tina Kunakey (@tinakunakey) on

Фото: Инстаграм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …