(ВИДЕО) ЖИВОТОТ ПИШУВА ДРАМИ – „НЕ ЗНАМ КАКО ОСТАНАВ ЖИВА“: Кога ќе видите снимка од жена како паѓа под воз, ќе се запрашате истото!

„Не знам како сум жива“, биле првите зборови на една Аргентинка која се онесвестила на станицата на метрото во Буенос Аирес и паднала под воз во движење.
Целата случка ја снимиле надзорните камери, па и сите други се прашуваат – навистина, како успеала да остане жива?
Жената, која медиумите ја идентификуваа само како Кандела, изгубила рамнотежа и паднала од платформата на метро станицата „Independence“ во Буенос Аирес, Аргентина.
На видеото од април, кое сега стана популарно на социјалните мрежи, се гледа како Кандела полека губи рамнотежа, се наведнува напред и се сопнува кон возот кој во тој момент пристигнува во станицата.
Жената имала „среќа“ затоа што паднала во празнината меѓу два вагона и завршила на шините, а набљудувачите кои случајно се нашле на лице место останале шокирани.
Кандела за чудо преживеала и додека патниците се собирале наоколу, таа седнала, а потоа легнала на платформата пред да биде одведена во амбулантно возило.
Кога се опоравила, таа за локалните медиуми изјавила дека крвниот притисок наеднаш и паднал и се онесвестила.
„Се обидов да ја предупредам личноста пред мене, но повеќе не се сеќавам на ништо, дури ни на моментот кога паднав под возот. Не знам како сум жива. Се уште се обидувам да го сфатам сето тоа“, рекла таа.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …