(ВИДЕО) ЖИВОТОТ ИМ СЕ СМЕНИЛ – Позирале насмеани, а по 15 минути следела катастрофа: Одморот од соништата им се претворил во пекол!

“Ова е нашата последна слика, настаната пред нашите животи засекогаш да се изменат. Околу 15 минути откако настана, вулканот на Белиот остров еруптираше и не затрупа со жешка вулканска пепел и токсични гасови”
мериканскиот пар, Ајви и Рик Рид, започнале кампања за да соберат пари и да ги платат трошоците за лечење, откако се здобиле со сериозни изгореници во ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд.

Големо внимание привлекла нивната фотографија настаната само 15 минути пред, како што рекле, “одморот од соништата да се претвори во кошмар”.


Ајви и Рик биле затрупани под пепел и токсични гасови по ерупцијата на вулканот на Белиот остров на 9-ти декември.

“Ова е нашата последна слика, настаната пред нашите животи засекогаш да се изменат. Околу 15 минути откако настана, вулканот на Белиот остров еруптираше и не затрупа со жешка вулканска пепел и токсични гасови”, навела Ајви покрај фотографијата.


Парот минал речиси осум недели во болница на Нов Зеланд. Рик има три одвоени операции откако претрпел изгореници на 30 проценти од своето тело, вклучувајќи ги рацете, нозете и лицето, додека Ајви имала две операции и изгореници на 20 проценти од телото – на рацете, лицето и десната нога. на двајцата им пресадена кожа на различни делови од телото.


Ајви исто така навела дека повторно се дома во САД и им се заблагодарила на семејството и пријателите на поддршката во текот на долгото закрепнување.

“Се вративме дома! Ова се среќните вести кои сакавме да ги споделиме, но исто така е страшно бидејќи се обидуваме да востановиме што можеме да направиме, а што не. Следната година ќе биде најтешка во нашите животи додека се обидуваме да се рехабилитираме”, порачала Ајви.

Потсетуваме, во ерупцијата на вулканот на Белиот остров загинале 21 лице.

Екран/Daily Mail

Фото: Ivy Kohn Reed and Rick Reed/Gofund.me

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …