Една девојка објавила видео на својот профил на TikTok, во кое напишала дека е многу тажна што нејзината мајка, која починала кога таа имала само седум години, никогаш нема да може да го запознае нејзиното момче.
@speccylee
Found out through this photo in his photo album. A moment straight out of a movie 🥲
Леа Мензис, која објавува видеа на TikTok под името @speccylee, научила запрепастувачка работа – имено, нејзината мајка го запознала нејзиното момче кога тој сè уште бил во градинка.
Во видеото кое има над 10. милиони прегледи, таа споделила како пронашла негова стара фотографија од градинка на која била и нејзината мајка. Таа всушност била негова воспитувачка.
Таа рекла дека во моментот кога наишла на фотографијата се чувствувала како да е во филм, пренесува The Sun.
Многумина биле воодушевени и трогнати од оваа приказна, па побрзале во коментарите да ја изразат својата поддршка. Еден од коментарите дури гласеше: „Ова е знак дека тој е вистинскиот“.
Фото: Принтскрин/TikTok