Тиктокерката Happy&Healthy Olivia решила да проба вирален рецепт кој наводно ја намалува надуеноста и го потиснува апетитот. Станува збор за пијалок кој се состои од вода, лажичка семе од чиа и лимета (или лимон).
Таа додала една лажичка семе и сок од лимета,за подобар вкус, во чаша вода. Чекала пијалокот да стои 30 минути и потоа го испила. Како што вели таа, рецептот е едноставен и „делува во момент“.
@happyandhealthyoliviaAlso helps with 💩 #chiaseedwater #chiaseed #weightloss #healthtrends♬ original sound – Happy&Healthy Olivia
Семето на чиа е исклучително здраво и формира густ заштитен слој во желудникот, кој потоа го потиснува апетитот обезбедувајќи чувство на ситост. Богати се со важни хранливи состојки како омега-3 масни киселини, протеини, аминокиселини и имаат многу придобивки доколку ги консумирате секојдневно.Повеќе за чиа семките можете да дознаете на овој ЛИНК.
Фото: Принтскрин/ТикТок