НОВИ ПОПЛАВИ ЈА ПОГОДИЛЕ БЕЛГИЈА: Обилните дождови предизвикале голема штета

Делови од Белгија повторно беа погодени од поплави кои носеа автомобили, откако вчера паднаа нови обилни дождови со грмежи.
Посебно погодени се провинциите Намур и Валун Барбант, југоисточно од Брисел, кои минатата недела беа веќе погодени од разорните поплави, во кои загинаа 36. лица.
Белгискиот центар за кризи издаде предупредување до населението затоа што се очекува лошите временски услови да траат неколку дена.
Обилните дождови предизвикаа значителна штета во Динан, каде поројот носеше многу автомобили низ градот.
Еден пожарникар процени дека новите поплави се полоши од минатата недела.
Бројот на потврдени смртни случаи во Белгија и соседните земји надмина 210, а се проценува дека реконструкцијата ќе чини неколку милијарди евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …