(ВИДЕО) Жена со породилни болки морала пешки да стигне до болница бидејќи нејзиниот сопруг заборавил да наполни гориво во автомобилот!

СЕКОЈА мајка мисли дека нејзината приказна за породувањето е најпосебна, но оваа жена навистина ќе има што да им кажува на своите деца и внуци.
Имено, таа со породилни болки пешачела до болница, а за се виновен е нејзиниот сопруг, кој заборавил да наполни гориво и автомобилот застанал на пат.
Во виралното видео прегледано 9. милиони пати, една жена оди во темница и вели: „Нашиот автомобил застана на околу една милја од болницата. Затоа, одиме пешки бидејќи е премногу скапо да повикаме брза помош“.

@kelskillerhe forgot to put gas in 😡 #america #healthcaresystem #istrash #fml


♬ original sound – Hellsie


Додека одлучно оди, на лицето повремено и се појавува болен израз бидејќи е пред породување.
За среќа, таа навреме пристигнала во болница и родила здраво девојче.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …