Во Европа снег – кај нас пролет: Еве какво време не очекува во наредните 5. дена

Додека есента во Европа донесува се’ пониски температури па и снег, еве што најавува УХМР за наредните шет дена…
Денес (четврток) претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје претпладне магливо и со значителна облачност, која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Утре (петок) претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец.Дневните температури ќе се движат од 20. до 25. степени.
За сабота се најавува претежно облачно и релативно топло. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минимална температура: 5°C до 12°C. Максимална температура: 18°С до 25°C.
Во недела претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот сончево со умерена облачност. Минимална температура: 5°C до 11°C. Максимална температура: 17°C до 24°C.
Во понеделник претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот сончево со умерена облачност. Минимална температура: 2°C до 9°C. Максимална температура: 18°C до 23°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …