Холивудскиот глумец Жил Марини, заводникот кој во филмот „Сексот и градот“ го играл секси соседот на Саманта, Данте, признал дека и’ тој доживеал негативни искуства кога станува збор за сексуалното злоставување во Холивуд.
Згодниот глумец во филмот се соблекол и покажал се’, и после тој филм, вели, станал мета на сексуалните предатори во Холивуд, главно влијателни и моќни.
„За многу холивудски моќници станав парче месо“ вели Марини и додава дека не видел дека некој од мажите се јавил, а во Холивуд многумина се злоставувани.
„Се срамат, ја губат машкоста. Свесен сум дека многу мажи никогаш нема да проговорат за таа тема“ вели Марини после скандалот со Вајнштајн кој го шокирал светот.