(ВИДЕО) ЗАТВОР ВО НОРВЕШКА КАКО БАЊА – ДА ИМ ЗАВИДУВАШ: Еве како зад решетките криминалците ги претвораат во ДОБРИ СОСЕДИ!

Затворениците вежбаат јога, учат занает, англиски, право, етика…
Норвешката служба за извршување санкции пред 25. години спровела низа реформи за да наместо „освета“, акцентот го стави на рехабилитацијата на осудениците. Затворениците, кои порано поголем дел од времето минувале затворени во ќелија, денес имаат можност да се обучуваат и образуваат, а улогата на чуварите е променета од корен.
Додека во стариот систем после одлежаната казна процентот на враќање на криминалот била 60 – 70 отсто, две години после воведувањето на реформите паднала на само 20 отсто, а после 5 години на 15 отсто. Денеска затворениците вежбаат јога, која ги смирува.
„На ова место не сакаме бес и насилство. Сакаме смирени и мирољубиви робијаши“, вели директорот на затворот во Халден, Оре Хојдал.
Ова воопшто не е евтино бидејќи трошоците за сместување по затвореник изнесуваат околу 100.000 евра годишно, додека, на пример, во Англија и Велс изнесуваат 45-55.000 евра.
Системот „Динамичка безбедност” подразбира дека чуварите и затворениците работат заедно: тие јадат заедно, играат одбојка, се одмораат, што на чуварите им овозможува да разговараат со нив и да ги мотивираат.


„Ние сме службеници во затворот, а не чувари. Се грижиме за тоа осудениците да ја отслужат казната, но исто така им помагаме да станат подобри луѓе. Ние сме нивни примери, тренери и ментори“, вели Хојдал.
Затворските ќелии се уредени за да го минимизираат чувствата на затворениците зад решетките, да го ублажат нивниот психолошки стрес и да ја усогласат архитектурата со околината. Затворот, чија изградба чинел повеќе од 150 милиони евра, се состои од двоспратни згради и дрвени бунгалови, кои повеќе наликуваат на модерен универзитетски кампус наместо на затвор. Околу него растат дрвја, и ги опкружува дебел бетонски ѕид, но нема бодликава жица или електрична ограда. Секој затвореник има своја ќелија, со тоалет, туш кабина, фрижидер, маса, телевизор со рамен екран и поглед кон шумата, како и кујна.
“Не е лесно кога ќе ви ја одземат слободата. Во Норвешка, казната подразбира само лишување од слобода”. Останати права остануваат.Затворениците можат да гласаат, да добијат образование, да имаат право на лекување – сите права како и секој друг норвешки државјанин. Згрешиле и мораат да бидат казнети, но си понатаму се човечки суштества “, вели Хојдал.


Од првиот ден од нивниот престој во затворот започнуваат подготовките за нивното ослободување, и сите еден ден ќе бидат ослободени, бидејќи во Норвешка нема доживотен затвор.
“Ако ги третираме како животни, ќе дозволиме животно да оди на улица. Ние го ослободуваме вашиот сосед”, вели Хојдал.
Во затворската гаража, затворениците од 08.15 до 20.30 (освен еден час одмор во ќелијата) учат механичарски занает. Целта е да им се даде чувство на нормалност, со цел да се фокусираат на подготовка за нов живот по излегувањето. Кога ќе бидат пуштени, многумина од нив ќе бидат квалификувани механичари, столари или готвачи.
Обуката на затворски службеник во Норвешка трае две или три години.


“Ние сакаме да спречиме повторно оддавање на криминалот, што значи дека нашите луѓе мораат да биде добро обучени”, вели Ханс-Јрген Брукер од Универзитетскиот колеџ за норвешки казнени служби за извршување на кривични дела. “Моите студенти ќе научат право, етика, криминологија, англиски јазик, реинтеграција и социјална работа, а потоа ќњ поминат една година во пракса во некој затвор, и ќе се вратат на полагање на завршните испити”, вели тој.
Управникот на затворпт Аре Хојдал вели дека не се сеќава кога последен пат имало насилство во неговиот затвор. Тој се надева на нови проекти во затвор. Неодамна бил основан хор, добиле музичко студио и се планира божиќен концерт. Наскоро излегува и нивниот нов готвач.

Екран.мк/BBC
Фото: Рrintscreen YT

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот кинематографер Ѓорѓи Клинчаров

Ѓорѓи Клинчаров е роден во Скопје на 12 октомври 1978 година. Тој е македонски оператор …