(ВИДЕО) ЗАБЕЛЕЖАНО НА СНИМКА – Младиот човек ја соблекол маичката и ја запросил девојката на натпревар, таа станала и побегнала од трибините

Млад човек од САД запросил девојка на хокеарски натпревар, но изгледа дека девојката рекла не, а потоа побегнала од трибините.
За време на натпреварот во четвртокот вечерта помеѓу Islanders и Panthers, еден навивач го соблекол дресот и ја запросил својата девојка.
На неговите гради пишувало: „Те молам кажи да“.
Девојката потоа му пришла, го фатила за раце а потоа истрчала од трибините.


На социјалните мрежи беа објавени неколку снимки од запросувањето, а фотографија од парот беше споделена и на официјалната страница на Islanders од Њујорк, на чии трибини се случило тоа.
„Дали кажала да или не?“, прашале со порака дека мораат да знаат.

Додека луѓето на социјалните мрежи мислат дека целото запросување е исценирано, се јавиле неколку очевидци да потврдат дека реакцијата била искрена.
„Тој ја соблече маичката и и рече те молам кажи да. Таа беше во шок, ја слушнав како кажува што се случува и не можам да го сторам тоа. Таа само ја напушти трибината“, изјавил еден од навивачите кои биле во окружувањето.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …